
Верувале или не, маслото за јадење го топи мразот во фрижидерот. Треба само да ги направите следните чекори
Ако сакате да го стопите мразот, прво исклучете го ладилникот од струја и ставете садови со топла вода за мразот од фрижидерот да не се стопи што е можно поскоро. Најдобро е да го испразните, и да ја потрошите целата храна за да не се расипе додека е надвор од фрижидер.
За да немате повеќе проблеми со мразот, треба да примените мал трик за да спречите негово настанување.
Верувале или не, маслото за јадење е спасот.
Постапка:
Одмрзнете го фрижидерот, а потоа добро измијте го и избришете го со сува крпа. После тоа, истурете малку масло на парче памучна вата или стара крпа и избришете ги ѕидовите. И тоа е се.
Ќе видите дека мразот повеќе нема да се собира како порано.