Состојки:
300 гр мелено месо
1 мал кромид, ситно сецкан
3 чешниња ситно сецкан лук
мелен црвен пипер
1 јајце
малку сув зачин
сол и бибер по вкус
300 мл варени домати
1 лажица брашно
1 лажичка шеќер
Подготовка:
Во меленото месо додадете кромид и лук, зачини, бибер, црвен пипер, јајце и сè измешајте рамномерно. Формирајте ќофтиња и пржете во масло. Во посебно масло ставете го брашното и пржете додека не порумени, додадете малку црвен пипер и доматите.
Истурете доволно вода за да добиете потенок сос. Посолете, додадете шеќер по желба и спуштете ги ќофтињата. Гответе две до три минути. Послужете со пире од компири.