Едноставен трик да ја исправите косата без да користите пегла или фен – Потребни ви се само неколку шнолички

2 август, 20220
16-layered-and-tousled-straight-hair-B-dEWQKp1o7

За овој трик потребни ви се само шноли. И секако четка, за претходно добро да ја исчешлате косата

Првиот чекор е да ја измиете косата. Се препорачува после тоа да не користите разни препарати, може само да нанесете специфично масло за коса, за да и дадете свежина и сјај. Потоа, треба добро да ја исчешлате косата. Особено ако вашата коса е густа и има поголеми локни. Кога ќе го завршите тоа, ќе направите „коњско опавче“, внимавајќи делот околу коренот да биде добро исчешлан, затегнат и исправен.

Ќе почекате околу еден час, косата да ви се исуши, а потоа повторно ќе ја чешлате прамен по прамен и ќе ја закачите со шноли, за праменот буквално да биде завиткан околу главата и да ви се „залепи“.

Кога ќе направите „турбан“ од вашата коса, можете да ја завиткате главата во маица и да преспиете.

А, наутро – совршен резултат! Целосно права коса со природен волумен.

Погледнете и во видеото:

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *