Едноставно, достапно за СИТЕ, а дали е за црвениот тепих? Ума Турман во ИПРЕСИВНА комбинација на Оскарите

popara29 март, 20221min00
337432_umaturman_ff

Ума Турман е една од жените кои секогаш се трудат да бидат единствени и впечатливи. Овој пат тоа го направи на интересен начин.

Ума Турман присуствуваше на доделувањето на Оскарите и го привлече вниманието на насобраните со својот моден избор.

Актерката, покрај својот шарм и харизма, остави впечаток и со необичниот изглед за црвениот тепих.

Додека сите ѕвезди беа во заводливи тоалети и ги мамеа воздишките на присутните, Ума се појави во многу едноставна комбинација, но тоа беше доволно за да се забележи и да предизвика бројни позитивни реакции.

Турман носеше бела кошула и долго црно здолниште. Крај. Станува збор за комбинација која на некој начин го одбележа црвениот тепих и церемонијата. Невообичаено, а обично, сведено и елегантно, а достапно за сите.

337433_umaturman2_ff
337431_umaturman1_ff
337429_umaturman3_ff
337432_umaturman_ff

Ума Турман дефинитивно ќе остане запаметена по својата оригиналност до следната церемонија кога не очекува уште едно изненадување, а на вас останува да процените дали тоа е доволно за црвениот тепих.