Едно од најубавите села во Европа се наоѓа во Грција: Одличен избор за зимски одмор

popara2 јануари, 20221min00
Screenshot_10

Селото Нимфео е добар пример за промислен развој на туризмот, особено во последните две децении

Освен со летни одморалишта, по кои најмногу е позната меѓу нашите туристи, Грција може да се пофали и со одлични зимски дестинации. Живописните планински села, но и одличните скијачки центри секако се одлики на оваа, инаку медитеранска земја, која за многумина од нас сѐ уште е асоцијација за лето.

 

Недалеку од градот Лерин, во грчката провинција Западна Македонија, се наоѓа планинското село Нимфео. Со право е наведено меѓу 10-те најубави села во Европа во многу туристички водичи.

 

И не само тоа! Нимфео е добитник на „Мелина Меркјури меѓународна награда“, награда што ја доделува УНЕСКО за одлично управување со културното наследство и околната природна средина.

 

Село на падините на планината Витси

Опкружено со густа шума, селото Нимфео се наоѓа на 1.360 метри надморска височина, на падините на планината Верно, позната и како Витси.

 

Познато е не само по својата уникатна архитектура, куќите изградени од камен, асфалтираните улици, туку и по неверојатната природна убавина на околината. За среќа, ова е село кое во голема мера успеа да го зачува својот автентичен изглед, пред сѐ затоа што сите градби од поново време мора да се придржуваат до традиционалниот стил на архитектура, кој се забележува на секој чекор.

 

Историјата на селото нè враќа на самиот почеток на 14 век, кога овој крај го населувале влашки номади. Тие се сметаат за првите жители на селото кое до 1929 година се викало Нивиеста или Невеста.

Кон крајот на 17 век селото станало познато по среброто и останало доминантно во следните три века како еден од најголемите сребрени центри на целиот Балкан.

 

Традиционални вили на секој чекор

Колку бил богат и познат, јасно се гледа низ впечатливите вили, изградени од камен, кои ги има многу во селото. Иако во средината на минатиот век имаше масовно иселување на населението, денес се повеќе луѓе се враќаат на своите корени, па селото заживува.

 

Околината на Нимфео е особено впечатлива, пред се поради двете езера и блиското село Зазари. Двете езера во областа се најголеми во Лерин и се дом на бројни видови птици, цицачи и риби. Најинтересни се белите патки кои се загрозен вид и се под заштита. Заштитени се и кафеавите мечки кои живеат во шумите околу селото.

 

Нимфео често се издвојува како добар пример за промислен развој на туризмот, особено во последните две децении. Во селото има и фолклорен и историски музеј, каде што можете да видите традиционални алатки за накит и автентичен локален мебел.

Иако Нимфео е интересна дестинација во секое време од годината, тој е особено убав во зима.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma