Експертите велат: Мислите дека се здрави, и сите ги јадете, но ОВИЕ три намирници се катастрофа за срцето

16 март, 20220
Meso-1

Оваа храна содржи опасни сулфурни амино киселини

Кога зборуваме за храна која е лоша по здравјето, веројатно прво помислувате на разни солени грицки или храна пржена во длабоко масло.

Сепак, приказната е многу покомплицирана и научниците тврдат дека три намирници кои ги консумираме речиси секој ден се вистинска катастрофа за срцето.

Имено, истражувањето на Универзитетот во Пенсилванија утврдило дека говедското, пилешкото и млечните производи можат да имаат негативно влијание врз здравјето, до таа мера што истражувачите ги сметаат за намирници кои го скратуваат животот!

Ова е особено загрижувачко бидејќи многу често се во чинијата на секој од нас – говедското месо е меѓу најквалитетните, пилешкото го јаде секој на диета бидејќи нема многу маснотии, а цели студии пишуваа за добрите ефекти на млечните производи како јогуртот.

Но, сите три намирници, иако различни по вкус и текстура, а делумно и по нутритивен состав, содржат една состојка која може да биде опасна. Станува збор за сулфурни амино киселини, кои долгорочно го зголемуваат ризикот од срцеви заболувања.

Студијата анализирала податоци од 120.700 учесници од две претходно спроведени студии. Откриено е дека оние кои внесувале повеќе од овие амино киселини имаат 12 отсто поголем ризик за развој на кардиоваскуларни болести и дури 28 отсто поголем ризик од прерана смрт доколку се консумираат во период од повеќе децении. Буквално им го скратиле животот!

Храната не била во фокусот на оваа студија, туку само аминокиселините, но потоа било утврдено дека повеќето од учесниците ги јаделе токму тие три намирници – говедско и пилешко, како и млечни производи.

„Амино киселините од животинските протеини како што се месото и млечните производи се поврзани со полошо здравје“, објаснува нутриционистката Лиза Јанг.

– Студијата покажува дека исхраната која влијае на срцето мора да вклучува повеќе протеини од растително потекло, наместо месо и сирење. Не е неопходно целосно да се елиминираат овие три намирници, туку потребно е да се воведе рамнотежа и да се консумираат поретко, а наместо тоа да се консумираат протеини од храна од растително потекло како мешунките и јаткастите плодови – заклучи Јанг.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi