Експерт открива зошто мажите не разбираат што им велат жените

18 септември, 20220
Screenshot_11

Дури и во најдобрите врски постојат ситуации во кои мажите немаат поим што им порачуваат жените. Коренот на проблемот се крие во различниот начин на размислување кај мажите и кај жените.

 

 

Ова не ги нервира само жените, туку и мажите бидејќи тие сметаат дека често неоправдано се прогласени за виновни, без да направат нешто лошо.

 

„Љубовта е поим кој не е лесно да се објасни, бидејќи под него подразбираме многу видови љубов кои вклучуваат и различни нијанси на чувства. Жените тие ситни разлики можат да ги препознаат и често се лутат ако забележат дека мажот воопшто не разбира за што зборува жената кога зборува за љубов“, вели Коди Комерс, професор по експериментална психологија на Оксфорд.

 

„На пример, жените го ценат патувањето, а мажите се повеќе насочени на самата цел. Работите ги проценуваат по тоа дали можат да им помогнат да го постигнат тоа што го сакаат во животот. Значи, на работите гледаат дали има некоја функционална вредност и колку е таа поголема, повеќе ќе го ценат тоа што им се дава“, објаснува Комерс.

 

Сепак, во принцип љубовта не може да ја проценуваме без оглед на целите. Во љубовта нема цел или можност да освоите повеќе бодови и прво место, па веројатно тоа е и причината поради која жените на таквото размислување не гледаат позитивно.

 

„До недоразбирање најчесто доаѓа затоа што мажите ја сакаат партнерката или сопругата поради тоа што таа може да го направи за нив. Љубовта на мажот, на пример, може да произлегува од фактот дека жената ја гледа како идеална за основање семејство или проценува дека може да биде добра поддршка за неговата кариера. Тоа не значи дека на мажите ова им е единствената инспирација за љубов, но му е многу важна. Но, тоа не е баш основа за романтична врска, бидејќи кога се менуваат ситуациите се менуваат и улогите, како и „корисноста“ на другата личност за остварување на одредени цели па мажите полесно излегуваат од врската“, тврди Комерс.

 

Другиот вид љубов, кој се темели на тоа што е другата личност, а не само што може да направи за вас, за машкиот мозок може да биде товар. Поради тоа мажите тешко ќе одговорат на прашањето зошто сакаат некого. Тие ја опишуваат функцијата на таа личност, како алат што им е ним корисен, а тоа не одговара на тоа што жените го сакаат и посакуваат, наведува Комерс.

 

Се разбира, сите мажи не се исти, но ако наидете на еден таков добро решение е да имате на ум дека „само“ љубовта во односот со него едноставно не е доволна основа за среќна врска. Мора да размислите дали можете да бидете одговор на потребите на мажот. Односно, дали можете да бидете алат за постигнување на неговите цели.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi