
Пејачот Елтон Џон го познавал Мајкл Џексон уште од мал
Пејачот Елтон Џон со децении е дел од светската јавна сцена. Затоа, не е изненадување што неговата нова автобиографија „Јас: Елтон Џон“ е полна со шокантни откритија за неговиот живот во шоу-бизнисот. Во книгата Елтон откри многу детали кои јавноста досега не ги знаеше, а некои од нив се поврзани и со легендарниот Мајкл Џексон.
-Го познавав Мајкл уште од 13 или 14 години. Беше најслаткото дете што можете да го замислите, но во одреден момент со текот на годините почна да се изолира од светот и реалноста, исто како што тоа го правеше Елвис Присли – пишува тој во книгата, пренесува „Yahoo“.
Џон, исто така, шпекулира за зависноста од дрога на Џексон:

-Господ знае што му се случуваше во главата, а Бог знае какви лекови земаше, но секогаш кога го гледав во неговите подоцнежни години мислев дека целосно ги изгубил нервите. Тоа не го мислам на безгрижен начин. Тој беше навистина ментално болен, вознемирувачки човек. Од која и да е причина, изгледа дека воопшто не можел да се носи со друштвото на возрасните – грубо пишува Елтон.
Кралот на попот, Мајкл Џексон, не е единствената ѕвезда осветлена во овие мемоари. Џон, исто така, го опишува посебното пријателство со принцезата Дијана, како и вечера на која Силвестер Сталоне и Ричард Гир речиси се степале додека се натпреварувале за нејзината наклонетост.