Еротски филмови – Како влијаат на мажите, а како на жените?

popara8 август, 20221min00
343352_pornografijashutterstock-1915596535_ff

Каков ефект може да има порнографијата врз младите? Многу научници со години се обидуваат да  најдат одговор, а едно од најновите откритија е дека зависи од полот на личноста која гледа ваков тип на содржина.

Некои истражувачи веруваат дека еротските филмови го искривуваат начинот на кој младите ја гледаат сексуалноста и предизвикуваат вознемиреност околу нивната изведба меѓу чаршафите.

Тие тврдат дека употребата на порнографија може да постави недостижни стандарди, па мажите се грижат дали можат да издржат во кревет толку долго како актерите и дали можат да се пофалат со соодветна должина на гениталниот орган, додека жените можат да се запрашаат дали толку лесно ќе кулминираат како актерките во филмот.

Во секој случај, една неодамнешна студија, објавена во научното списание Psychological Medicine, покажа дека еротските филмови различно влијаат на мажите и на жените. Станува збор за истражување кое траело три години и во текот на кое научниците анализирале повеќе од сто илјади луѓе, од двата пола.

Како дел од студијата била мерена зачестеноста на користење порнографија кај учесниците, како и нивните сексуални навики.

Истражувањето покажало дека мажите кои повеќе гледале еротика, почнале да се сомневаат во нивните сексуални „перформанси“, поточно, дека имаат „послаб сексуален нагон, ерекција и биолошко функционирање“ и дека нивните партнерки се незадоволни од нивната изведба.