ЖЕНИТЕ полудеа по ДОМАТ диетата: Килограмите се топат со невидена брзина, но внимавајте на една работа!

popara19 јуни, 20221min00
28462_shutterstock-2103700205_f

За оние кои не можат долго да издржат на диета, им препорачуваме брза диета со домати која гарантира успех.

Само обрнете внимание на тоа дека е доста ригорозна и можете да ја држите најмногу шест дена.

Диетата заснована на домати е многу едноставна – четири оброци дневно, многу вода, дозволено е кафе без шеќер, дозволени се и чаеви без шеќер, леб (30 грама) е дозволен само за појадок. Можете да јадете домати свежи, варени, печени во рерна или на скара.

Еве како треба да изгледа менито.

Прв и четврти ден

Појадок – Салата од домати со 50 грама сирење, маслиново масло и босилек, 2 варени јајца и 30 грама леб.

Ужина – 350 грама сезонско овошје или чаша сок од домати.

Ручек – Паста од доматен сос (сосот се подготвува со 400 гр домати или 350 гр конзервирано доматно пире, зачините се по желба).

Вечера – супа од домати и зеленчук. Додадете магдонос и една лажица павлака.

Втор и петти ден

Појадок – грчка салата и 30 грама леб.

Ужина – 350 грама сезонско овошје или чаша сок од домати.

Ручек – Печени полнети домати со спанаќ и ориз.

Вечера – Подгответе супа од две глави сечкан кромид пропржени на маслиново масло, филе од ослич, два големи домати, зачини и една лажица кисела павлака.

Трет и шести ден

Појадок – омлет со домат, 30 грама леб.

Ужина – 350 грама сезонско овошје или чаша сок од домати.

Ручек – Пилешко месо (150 грама) во сос од домати со печурки.

Вечера – Говедско месо на скара (130 гр.) и шопска салата.