Нема да ви пречат ни преку лето
Вистинското име за оваа фризура е „Curtain-bangs“, кои го одбележаа периодот од седумдесеттите години на минатиот век. Последните години се повеќе се враќаат во мода, но во многу подобра верзија.
Некои познати фризери тврдат дека на нивно место доаѓаат „drape“ шишките, кои ги промовираат многу познати дами и кои на многумина добро им стојат.
Правите завеси – шишките имаат „несериозна“ форма и се шишаат на должина под веѓите, а се протегаат до јагодиците. Имаат моќ да ги врамуваат цртите на лицето, а ја следат истата идеја, само што се подолги и погламурозни.
За разлика од завеса шишките, нивната должина е сè до брадата, што дава можност за различно стилизирање. Кога ќе ви здодее, можете само да ги врзете во опавче.
Исто така, фризурата подеднакво добро изгледа и во фенирана варијанта, и тоа во фен-фризурата која ја популаризираа супермоделите од 1990-тите, а во последно време доминира на „TikTok“.
Вакви фризури носеа супермоделите како Синди Крафорд, Наоми Кембел, Кејт Мос, па нивниот изглед може да послужи како одлична инспирација и оваа сезона.
Значи, доколку моментално сте во фаза кога ги пуштате шишките, тогаш шишките во оваа форма се варијанта која мора да ја испробате. Побарајте од фризерот да ги стилизира до должината на брадата, за совршено да се вклопат во остатокот од фризурата, што ќе ве натера да се оддалечите од класичните шишки.