
Астролозите веруваат дека жените родени во овие хороскопски знаци се посебни и пред нив е долг и среќен живот. Едната е управувана од Јупитер, планетата на среќата и изобилството, а со другата управува Плутон, планетата на мистеријата, темнината и потсвеста, пишува „Sensa“.
Еве за кои 2 женски хороскопски знаци станува збор:
Шкорпија
Овој хороскопски знак е невообичаено мудар, допадлив и има посебна енергија. Романтичната врска со Шкорпија е експлозивна мешавина на страст и интелект. Таа е секси, моќна и знае што сака! Тие ги привлекуваат луѓето кон себе, често се во центарот на вниманието и знаат како да го добијат тоа што го сакаат. Тие се нежни романтичари во душата, но тоа не го покажуваат на сите. Целата нивна романтичност и искрена љубов ќе ѝ припадне само на една личност, онаа која навистина го заслужува нивното срце.
Ним им треба личност на која ќе и се отворат и која ќе стане дел од нивното внатрешно јас, некој што ќе ја задржи сопствената индивидуалност и независност. Кога ќе ја најдат оваа среќа во љубовта, Шкорпиите се неверојатно среќни и пред нив е светла иднина.
Стрелец
Жената родена во овој знак ја цени слободата и независноста повеќе од било што друго. Таа е одговорна сама за себе, за своите потреби и за својот живот. Иако не е склона кон флерт, многу и е тешко да се одлучи за сериозна врска. Идеален партнер за овој знак ќе биде некој кој ја разбира нејзината желба за слобода и нема да биде измачуван од љубомора или посесивност. Жената Стрелец ја цени слободата, ужива во авантурите, патувањата, лесно се прилагодува и прифаќа промени. Кога некој ќе се поврзе со неа на подлабоко ниво, ќе разбере колку е скапоцена оваа врска.