
Пејачката Шакира е под будното око на јавноста, особено откако се најде во центарот на скандалот по раскинувањето со фудбалерот поради неговата прељуба.
Сончевите денови ги искористи за прошетка низ Барселона со синовите Милан и Саша, а нејзиниот стајлинг привлече големо внимание.

Многумина би се одлучиле за патики и комбинации на спортска облека за долги и напорни прошетки по угорницата, но не и Шакира.
Оваа дива избра комбинација во која можете да се појавите насекаде и секогаш да бидете маѓепсани, забележани, но и одмерени. Таа облекла тексас шорцеви кои ги искомбинирала со сина кошула, а облекла чизми до глужд со подебела потпетица кои привлекле најмногу внимание.

Чизмите до глужд се во стилот на каубојките и одамна не сме имале прилика да ги видиме во комбинација со вакви парчиња облека, па мора да признаеме дека одлично и прилега и е одличен избор за лето.
Кошулата и чевлите се украсени со цвеќиња, а светло сината боја одлично се совпаѓаше со тенот на Шакира, но и со кафената коса, која е заштитен знак на пејачката.
