
Познато е дека косата почнува посилно да опаѓа во текот на есента, а експертите сега имаат објаснување зошто тоа се случува. Дванаесет години тие спровеле опсежна студија за сезонското опаѓање на косата и забележале зголемено губење особено по летото.
Тие велат дека ова се случува затоа што скалпот ја задржува косата во текот на најсончевите месеци за да ја заштити главата од изгореници, но кога топлината ќе престане да биде толку силна, косата почнува да опаѓа бидејќи повеќе не треба да служи како заштита.
Оваа студија е спроведена за да се потврдат сомнежите дека причината за опаѓање на косата не е психолошката вознемиреност која доаѓа со дождливите есенски денови. Поради зголемено сезонско опаѓање на косата, нема потреба премногу да се грижите, а причина за загриженост е само доколку се забележи опаѓање на повеќе од сто влакна дневно.
Еве три чаеви за стимулирање на растот на косата кои можат да ви помогнат да ја одржите бујна и во тие студени месеци:
1. Зелен чај
Зелениот чај е богат со антиоксиданси кои го поттикнуваат растот на косата и го спречуваат опаѓањето на косата. Ставете две кесички зелен чај во една шолја топла вода (или три кесички во две чаши топла вода ако имате подолга коса). Кога чајот ќе се олади, исплакнете го скалпот и косата со него додека нежно го масирате скалпот. По еден час, исплакнете ја косата во ладна вода.
2. Чај од бреза
Брезата е одличен сојузник за стимулирање на растот на косата, поради високиот процент на витамин Ц во младите листови и никулците на растението. Пиењето чај од лист од бреза, освен што го стимулира растот на косата, корисно е и за детоксикација на скалпот, а можете да го користите и како природно и здраво миење на косата.
3. Чај од коприва
Копривата традиционално се смета за добар сојузник за здравјето на косата бидејќи придонесува за зајакнување на структурата на косата, го стимулира растот на косата, а истовремено ја спречува појавата на првут. Мијте ја косата со чај од коприва најмалку два пати неделно за најдобри резултати.