Заборавете на ЛАДНИОТ туш: Експертите ја препорачуваат ОВАА температура на водата доколку сакате да се разладите

5 август, 20220
Tusiranje

Еве која температура најдобро ќе доведе до ладење на телото

Иако најверојатно би сакале да се истуширате со ладна вода за да се разладите, така би направиле голема грешка.

Имено, доколку сте испотени или ви е премногу жешко, никогаш не треба да се туширате со ладна вода бидејќи тоа е голем шок за организмот.

Секако, млаката и топла вода не делува особено привлечно за време на топлите денови, но според експертите ова е температурата која најдобро ќе го разлади телото.

Науката вели дека ладниот туш или купка може да предизвика сосема спротивен ефект. Поточно, кога го изложуваме телото на ледена вода на екстремна топлина, телото се обидува да ја регулира температурата и да се загрее. Тоа значи дека после туширањето може да се чувствувате само потопло.

Од друга страна, експертите објаснуваат дека топлата вода го стимулира природниот систем за терморегулација. На овој начин се зголемува циркулацијата, телото се лади, а резултатот е пониска температура.

Исто така, ладниот туш на испотено тело е голема грешка бидејќи можете само да го шокирате телото и да предизвикате настинка.

Затоа, најдобро е да се туширате со топла или млака вода на топло време, бидејќи така најбрзо ќе се разладите и истовремено ќе избегнете да настинете.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *