Зачекорете во минатото пред 1200 години: Посетете ја најстарата библиотека која работи и денес

popara16 јули, 20223min00
shutterstock_677892286

Повеќето луѓе се запознаени со библиотеката во Александрија – таа била најголемата библиотека од античките времиња, лоцирана во египетскиот град Александрија. Библиотеката на Ашурбанипал од VII век се наоѓала во денешен Ирак и се верува дека е најстарата библиотека во светот. Но, која е библиотеката што би можеле да ја наречеме најстара и која работи и денес?

Се проценува дека библиотеката Ал-Каравијин е најстарата библиотека во светот која работи и денес. Ориенталната убавица е стара неверојатни 1.163 години, а ќе ја најдете во мароканскиот град Фез.

Основана е во 859 година како дел од универзитет кој исто така е еден од најстарите универзитети во светот. Библиотеката и универзитетот се основани од Фатима ал-Фихри, ќерка на богат трговец од Тунис, во периодот познат денес како „Златното доба на исламот“. Кога универзитетот бил изграден и отворен, самата Фатима станала негова студентка, а во неа се уште ја има нејзината оригинална диплома напишана на дрвена табла.

Во последните неколку децении, голем дел од библиотеката беше затворена за јавноста поради големи оштетувања – пристап имаа само некои вработени и студенти на факултетот.

За среќа, добри вести пристигнаа од Министерството за култура на Мароко во 2012 година: архитектот и инженер Азиза Чауни, која живее во Канада и е по потекло од Фез, одговори на повикот за помош. Имено, тој открил дека библиотеката „гние“ бидејќи под неа тече поток. Следеа обемни реновирања, а за среќа на Мароканците и посетителите од целиот свет, библиотеката повторно ги отвори вратите во 2017 година.

Денес, нејзините ходници сјаат како некогаш, покриени со ориентални теписи, мозаици и калиграфии, со мали фонтани кои го красат по патот. Во библиотеката се чуваат околу 4.000 ракописи, а има и изданија на Куранот од 9 век и записи на северноафрикански историчари од 14 век.

За среќа на посетителите, библиотеката е ажурирана со некои помодерни пронајдоци како соларни панели, клима уред и мало кафуле каде што можете да се скриете од мароканската жештина со наргиле или марокански чај.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma