
Послушајте ги советите на Индијките
„Sushmita“ – гуру за нега на коса и популарна видео блогерка од Индија, дава корисни совети за нега и побрз раст на косата:
Користете сок од алое вера
Сокот од алое вера го стимулира растот на косата, и е многу корисен кога станува збор за нега на скалпот. Совет на Сушмита: Исечете неколку листови алое, а потоа пресечете го секој лист на половина за да се излачи сок. Со кружни движења измасирајте во коренот на косата за да ја подобрите циркулацијата и да обезбедите подобра апсорпција. Оставете ја маската да делува најмалку два часа, или преку ноќ.
Направете маска од пантенол
Д-пантенолот е синтетички витамин Б5, а неговите својства се одлични за обновување на фоликулите на косата и спречување на опаѓање на косата. Како се користи маската? Измијте ја косата и нанесете пантенол во форма на гел, спреј или пена, фокусирајќи се на корените.
Исплакнете го темето со ладна вода по миењето
Ладната вода ги затвора порите и ја подобрува циркулацијата, што доведува до побрз раст на косата. Како дополнителен бонус, вашата коса исто така ќе стане значително посјајна.
Исплакнете ја косата со јаболков оцет
Јаболковиот оцет ги активира фоликулите на косата, што е многу важно за бујна коса, а повторување на постапката неколку пати месечно ќе биде доволно. Користете јаболков оцет наместо регенератор за коса и не го плакнете. За разлика од винскиот оцет, јаболковиот оцет нема силен мирис.
Маска со јајца и коњак
Јајцата се полни со протеини, а коњакот содржи танини, кои ви помагаат да имате пополна коса и го стимулираат нејзиниот раст. Земете две јајца и една чаша коњак. Состојките изматете ги во блендер или со вилушка, а добиената смеса нанесете ја на коренот на косата. Додадете маслиново масло доколку сакате да ја нанесете маската по целата коса, со што ќе и дадете мекост на вашата коса.