За заводлив поглед: Природен еликсир за раст на трепките

popara26 септември, 20221min00
671446_shutterstock-1658945044_f

Лесно се прави

Речиси секоја жена би сакала да има подолги и погусти трепки, за да не троши време нанесувајќи маскара секое утро. За многумина дури ни маскарите не го даваат посакуваниот ефект бидејќи трепките им се ретки и кратки. Во последните години се појавија бројни третмани за продолжување и подигнување на трепките, но тие треба да се земаат со резерва, особено ако имате чувствителни очи склони кон алергиии. Доколку сакате да го стимулирате растот на трепките и да ги направите погусти, можете сами да си направите гел. Еве што ви треба за него:

Состојки:

Чист алое вера гел

1 ампула витамин Е

Рицинусово масло

Подготовка:

Во стерилна тегла истурете гел од алое вера, ампула витамин Е и неколку капки рицинусово масло. Сè добро измешајте и чувајте го во фрижидер. Добро измијте ја старата четка за маскара и исушете ја, а потоа користете ја за да го нанесувате гелот на трепките секоја вечер пред спиење.

Доколку имате чувствителни очи, внимавајте да не влезе содржината на гелот во окото, туку нанесете го само по горниот раб на трепките. Ако се појави иритација, веднаш престанете да го користите и консултирајте се со лекар!