ЗА МАЗНИ НОЗЕ НАЈВАЖНА Е ИСХРАНАТА: Нутриционистка вели дека ОВИЕ намирници ја олеснуваат борбата против ЦЕЛУЛИТОТ!
Нутриционистката Наташа Ѓукиќ открива кои намирници треба да ги вклучите во исхраната за трајно да се ослободите од целулитот.
Летото е во полн ек, па многу дами веќе ги извадија фустаните, здолништата и шорцевите, а можеби дури и ги покажаа нозете кои беа скриени цела зима, но она што го видоа не израдува многумина…
Повеќето дами, поради многу причини, имаат целулит, кој може да им го расипе целокупниот впечаток. Покрај зголемената физичка активност и зголемениот внес на течности, еден од важните совети е регулирањето на исхраната.
– Докажано е дека неактивноста, токсините, вештачката храна, преработената храна и засладените пијалоци ја влошуваат состојбата на целулитот, но за среќа има намирници за намалување на целулитот што навистина можат многу да помогнат – вели нутриционистката Наташа Ѓукиќ и открива за која храна станува збор:
– цитруси, црвена пиперка, лосос и туна, авокадо, лен, мача чај, лута пиперка, брокула, лиснат зеленчук
Веднаш штом ќе ги внесете овие намирници во вашата секојдневна исхрана, нутриционистите велат дека ќе забележите промени.