За подолготраен мирис: Ако сакате парфемот да ви трае послушајте ги овие совети

3 октомври, 20220
Screenshot_6

Се чудите зошто парфемот не трае долго на вашата кожа и покрај тоа што сте го купиле најдобриот. Начинот на кој го нанесувате и чувате вашиот парфем е подеднакво важен како и формулата од која е составен парфемот.

 

 

 

Еве ги клучните пет совети за парфемот да ви трае подолго.

 

Мудро одберете ја миризбата

 

Цветните и цитрусни мириси се преубави и многу свежи, но тие се познати по тоа дека не траат долго. Одберете мирисна нота која е зачинета, поостра и не толку слатка. Таквите парфеми се моќни и траат подолго на вашата кожа.

 

Проверете го составот

 

Парфемите се направени од различни билки и синтетички масла со додаток на алкохол, но секоја формула содржи различни раствори на парфимирано масло, што влијае на долговечноста на парфемот. Прочитајте ја етикетата – ако пишува „Parfum“ или „extrait de parfum“ значи дека содржи  најголема концентрација на парфимирани масла (околу 20 отсто, а може тој процент да биде и до 40 отсто). Ваките парфеми обично се и поскапи. Сите други се тоалетни води, кои обично содржат помалку од 10 отсто парфимирано масло.

 

Стратешки места

 

Местата на телото каде може да го почувствувате пулсот се стратегиски места каде треба да нанесете од парфемот. Тие помагаат за дифузирање на миризбата во текот на целито ден. Тоа се местата зад колената, внатрешниот дел на лактите, врвот на вратот и се разбира на внатрешниот дел од зглобовите на рацете.

 

Не тријте!

 

Ова е една од оние работи кои секој ја прави природно. Парфемот ќе го нанесете на пример, на внатрешниот дел од зглобовите на рацете и потоа следува триењето. Ваквото триење треба да го избегнувате зашто предизвикува молекули кои прават суштински вашиот мирис побргу да исчезне.

 

Чувајте го на соодветно место

 

Уште една работа која често се прави, а ја уништува миризбата на парфемот, е тоа што го чуваме на полицата во бањата. Влажноста (од туширањето), топлината во бањата како и светлината предизвикуваат состојките во парфемот да се разблажат. За подолго да трае парфемот треба секогаш да се чува на ладно и темно место, најдобро во спалната соба.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *