
Истражувачите открија една едноставна работа што може да го подобри нашиот сон и да го олесни будењето
Меѓународен тим на истражувачи објави нов напис во списанието за афективни нарушувања и тврди дека природната светлина е од големо значење за здравјето. Затоа секој час што го поминуваме надвор влијае на подобар сон и полесно будење.
Освен што брзо го подига расположението, престојот на отворено, дури и во облачни денови, не изложува на изобилство на природна светлина.
Циклусите на светлина и спиење се исклучително меѓусебно поврзани
– Можете да го промените циклусот на светлина со менување на циклусот на спиење и обратно – вели др. Стивен Локли, невролог во Brigham & Women’s Hospital.
Претходните истражувања покажаа дека 120 минути неделно е минималното време што треба да го поминеме надвор.