
Домашното средство за чистење е поевтина и поздрава опција, а подготовката ќе ви одземе три минути.
Состојки и подготовка на домашни средство за паркети
Измешајте 1 чаша оцет со 10 капки етерично масло по ваш избор (може да користите лимон или лаванда) и исчистете го паркетот. Собата ќе мириса на свежо и чисто, а оваа комбинација ќе ја дезинфицира површината.
Доколку сакате да го вратите сјајот на паркетот, тогаш измешајте половина шолја сок од лимон, лажица маслиново масло и до 3 литри топла вода.