ЗА СЕ Е КРИВА ЕМИЛИ ВО ПАРИЗ: Шишките никогаш не изгледале попримамливи благодарение на најпознатата фризура за 2022!

17 јануари, 20220
Lily-Collins

Кое списание и да го земете, шишките се главна тема. Стилските жени ширум светот го прифатија овој тренд за да изгледаат како парижанки, а Лили Колинс од популарната серија „Емили во Париз“ штотуку потврди дека оваа фризура ќе ја гледаме насекаде во 2022 година.

Минатата година бевме опкружени со т.н шишки завеси, а оваа година ќе доминира нивната ноншалантна верзија – шишки „bottleneck“. Тоа е многу поедноставен облик за шишање и стилизирање. Тие се исто така пократки во средината и подолги на страните, но се фенираат така што изгледаат кул и ноншалантни, без многу напор и труд. Исто така, нивната форма е помалку рамна и позаоблена, што ги прави да изгледаат поретро од шишките завеси.

Што всушност се bottleneck шишките?

Многу слични на обичните, тие се фризури инспирирани од 70-тите години на минатиот век.

Изгледот, кој го прославија познатите дами како Маргот Роби и Дакота Џонсон, е груба и безгрижно исечена текстура која одговара на сите типови коса. Косата е пократка во средината, а се шири од страна и достигнува должина до јаготките.

На што треба да обрнете внимание?

Инсистирајте на стил чија должина на страните достигнува до јаготките, а аголот на шишањето ќе го одреди вашиот фризер врз основа на обликот на вашето лице. Идејата е дека шишките се обвиткуваат околу вашето лице и имаат слоевит ефект. Средината треба да биде значително пократка и нежно исечена.

Како да одржувате bottleneck шишки?

Што се однесува до одржувањето, не може да биде поедноставно. Прекрасното нешто кај оваа фризура е што го омекнува вашиот одраз во огледалото, па секогаш се добра опција за оние кои не се сигурни дали шишките ќе им прилегаат. Дури и кога ќе пораснат, ќе изгледаат шик поради нивната скалеста форма, па нема да морате да ги сечете толку често како обичните шишки.

Како да ги стилизирате?

Кога станува збор за стилизирање на овие шишки, важи правилото – колку помалку, толку подобро. Погрижете се, исто како Французите, да не користите топли апарати за стајлинг, туку раце и препарати како спрејови за сува текстура или креми за стајлинг.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi