За сите нетолерантни на глутен: Список на намирници кои изобилуваат со него

20 март, 20220
no-gluten-bread-19057361920-830x0

Глутенот е протеин што може да се најде во житариците како пченица, ‘рж и јачмен. Делува како врзивно средство или „лепак“, врзува одредени материи и е составен дел од храната за која никогаш не би помислиле дека содржи глутен.

Се смета дека го има во некои лекови, затоа на чувствителните лица им се препорачува да се консултираат со лекар. Сепак, не сите се чувствителни на глутен и во тој случај не е неопходно да се исфрли од исхраната.

Како последица на алергија на глутен, кај помладите луѓе се јавува нарушување на нетолеранцијата на глутен – целијачна болест. Тоа е предизвикано од недостаток на ензим кој го разградува глутенот.

Нетолеранцијата на глутен предизвикува поблаги симптоми и може да биде причина за егзема, осип, чешање на кожата, дигестивни проблеми, надуеност …

Список на храна која содржи глутен:

  • житарици
  • пченица, овес, јачмен, спелта
  • гриз
  • брашно
  • трици
  • скроб од житарици
  • презла
  • пивски квасец
  • квас
  • густ јогурт
  • месни производи
  • супа од кесичка
  • густи сосови
  • десерти кои содржат брашно

Диетите без глутен генерално се дефицитарни со хранливи материи како што се цинк, калциум и влакна. Затоа е важно да јадете јаткасти плодови и семки, бидејќи тие не го содржат овој протеин, а се одличен извор на потребните споменати материи.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi