
Совршена храна за мозокот
Иако можете да уживате во суви смокви во текот на целата година, треба да ја искористите сезоната кога свежите смокви созреваат и да уживате во овие свежи, многу вкусни и здрави плодови.
Смоквите се многу богати со минерали и природни шеќери.
Во нив може да се најдат железо, калиум, калциум, фосфор и бакар, кои се многу важни за различни сегменти од здравјето на луѓето. Тие се исто така одличен извор на антиоксиданси и бета-каротен, витамини А, Б6, Ц и К.
Поради богатството со влакна, смоквите често се препорачуваат како природен и исклучително ефикасен лаксатив.
Смоквите се исклучително богати со магнезиум. Тоа е супстанца која го штити нервниот систем од штетните ефекти на стресот. Исклучително е важен за имунитетот, здравјето на коските и мозокот. Магнезиумот е ефикасен во борбата против бројни болести и може значително да го забави процесот на стареење. Истражувањата покажаа дека сувите смокви содржат до три пати повеќе магнезиум од свежите.
Смоквите содржат и исклучително малку масти, а пектинот кој се наоѓа во нив го намалува нивото на холестерол во крвта, додека триптофанот помага при несоница и проблеми со циркулацијата.

Смоквите се богати и со фруктоза, природен овошен шеќер. Фруктозата ќе му овозможи на вашиот мозок подобро да прима и сортира информации и генерално да работи побрзо. На дијабетичарите им се советува да внимаваат кога конзумираат суви смокви, бидејќи содржат повеќе шеќер од свежите.
Растителните стероли како ланостеролот и стигмастеролот, кои ги содржат смоквите, се врзуваат за молекулите на холестеролот во цревата и на тој начин ја попречуваат неговата апсорпција, што би значело дека смоквите се идеално овошје за сите луѓе кои имаат проблеми со покачено ниво на холестерол.
Дури 80 отсто од смоквите припаѓаат на вода, поради што знаеме дека смоквите, како и другите овошја, се фантастична храна за хидратација, а бројни студии откриле и одредени антиканцерогени ефекти на ова овошје.
.