Зошто е добро да го вклучите ПИЛАТЕСОТ во вашата дневна рутина? Тренинг за подобрување на расположението

popara4 март, 20221min00
7256b2b519091534c62d7048a469ae2b2807f1d8

Пилатесот не подразбира тешки вежби, а има многу позитивни ефекти.

Пилатесот се смета за облик на вежбање со помал интензитет, кој е исклучително ефикасен кога е во прашање зајакнување на мускулите како и зголемување на флексибилноста и подобрување на држењето.

Некои од најдобрите работи за овој тип на вежбање се тоа што можете да го правите со или без опрема, а може да се прави и дома.

Пилатесот е одличен за држењето

Има многу научни податоци кои го поддржуваат фактот дека доброто држење може да ви помогне да го подобрите дишењето, да ги ублажите главоболките, да го олесните варењето, да го подобрите расположението, па дури и да изгледате послабо. Пилатесот е докажан начин на кој не само што можете да одите со самодоверба и да седите удобно, можете да направите многу повеќе за вашето целокупно здравје.

Пилатесот и расположението

Пилатесот може позитивно да делува на вашата енергија. Колку повеќе вежбате, толку повеќе кислород прима вашиот мозок и крвта подобро циркулира низ телото. Кога тоа ќе се случи, се ослободуваат хормони на среќа, односно ендорфин. Ова е една од главните причини зошто многу луѓе го практикуваат пилатесот наутро.