ЗОШТО НЕВЕСТИТЕ НА СВАДБА НОСАТ ВЕЛ НА ЛИЦЕТО: Зад сето тоа се крие малку БИЗАРНА, но и морничава традиција

16 мај, 20220
14639500526175acdc4e3aa163944478_640

На сите им прескокнува срцето кога ќе ја видат оваа сцена – прекрасна, млада невеста, во долга бела венчаница, оди кон својот избраник за откако ќе го кажат судбоносното „да го поминат животот заедно“. Во тие моменти, лицата на повеќето девојки се покриени со долг, проѕирен или чипкаст превез. И, иако овој обичај е прекрасен за повеќето луѓе, неговото потекло всушност е далеку од романтично.

Повеќето луѓе не го знаат ова, но обичајот девојката која се мажи на денот на нејзината свадба да го покрие лицето е со векови постар од обичајот да се носат венчаници. И всушност, во поголемиот дел од историјата, превезот воопшто не бил ниту бел ниту проѕирен!

Повеќето етнолози и антрополози се согласуваат дека потеклото на невестинскиот превез треба да се бара во античко време, кога девојките на овој начин ги криеле своите лица за да се заштитат од злите духови, пишува порталот „Listverse“.

Грците и Римјаните од минатото носеле црвени и жолти превези кои симболизираат оган со цел да ги исплашат и избркаат злите духови и демони. Римјаните отишле толку далеку што невестите во еден период од историјата биле целосно покриени со црвен превез во текот на целата свадба.

Имало уште една, многу попрактична, но подеднакво морничава причина за традицијата на носење долги превез. Имено, тој бил правен по нарачка, точно според висината и другите мерки на идната невеста, а по венчавката внимателно се чувал и кога ќе дојде време се користел како погребна плаштеница по смртта на жената.

Во Европа договорените бракови биле нормални, а има и такви кои тврдат дека девојките носеле превез за да го спречат нивниот иден сопруг да им го види лицето до крајот на свадбената церемонија. Теоретски, ако не им се допаднало тоа што го виделе откако невестата го симнала превезот, веќе било доцна да се премислат.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi