Зошто НЕ Е ЗДРАВО да јадете пуканки направени во микробранова печка?

14 април, 20220
20663415306256caee892b0358363251_640

Повеќето луѓе сакаат пуканки, но малкумина имаат време да печеат зрна од пченка кога ни треба крцкава, вкусна „филмска“ закуска. Наместо тоа, многумина посегнуваат по пуканки од микробранова печка.

Пуканките се полни со влакна, малку маснотии и калории. Но, зошто сме склони да ги замениме здравите пуканки со пакувања наменети за микробранова печка?

Една од причините се дополнителните состојки. Кога правите пуканки на традиционален начин, веројатно користите малку маслиново или сончогледово масло и сол; но, кога подготвувате пуканки од микробранова, често ги избирате оние со две, три или повеќе состојки, без воопшто да сте свесни за тоа.

  1. Нездрави масти

Производителите на пуканки за во микробранова печка повеќе не користат транс масти, туку палмино масло. Тоа не е најдобриот избор за здравјето на срцето. Студија објавена во 2015 година во The Journal of Nutrition сугерира дека палминото масло го зголемува LDL холестеролот повеќе од другите растителни масла поради неговата поголема содржина на заситени масти, пренесува „telegraf.rs“.

Но, без разлика дали се работи за палмино или друго растително масло на списокот со состојки за пуканки подготвени во микробранова печка, голема е веројатноста дека ќе изедете добра количина на заситени масти. Некои кеси со пуканки содржат помеѓу четири и шест грама заситени масти по порција, што е помеѓу 20 и 30 проценти од вашата дневна препорачана вредност.

  1. Вишок на натриум

Дали ја проверивте количината на натриум на вашата омилена кесичка пуканки за микробранова печка? Освен ако производителот не наведе на етикетата дека нема сол, може да внесете повеќе од 300 милиграми натриум по порција. Општо земено, идеалниот дневен внес на натриум е 1.500 милиграми, така што тоа е веќе 20% од дневниот внес во мала закуска. А кој може да застане на мала кесичка пуканки?

Истражувањата покажаа дека исхраната богата со натриум е поврзана со хипертензија. Една студија од 2015 година во списанието на Американскиот колеџ за кардиологија, на пример, сугерира дека вишокот на натриум може негативно да влијае на кардиоваскуларниот систем, бубрезите и мозокот.

  1. Хемикалии

Многу кеси со пуканки содржат хемикалии дизајнирани да ги зачуваат состојките, да додадат вкус и да спречат апсорпција на маснотиите низ кесичката. Производителите користеле перфлуороалкилни и полифлуороалкилни супстанции (PFAS), за кои Агенцијата за заштита на животната средина (EPA) вели дека се опасни по здравјето.

Затоа производителите на пуканки престанаа да користат одредени PFAS за кои се знае дека се штетни и наместо тоа воведоа замени. Студија од 2020 година објавена во списанието Environmental Health Perspectives покажа дека пуканките подготвени во микробранова речиси секогаш содржат одредена количина на PFA – и дека луѓето кои редовно ги јадат имаат повисоки серумски нивоа на овие соединенија од оние кои не ги консумираат.

За да имате целосна контрола врз тоа што го јадете, не одете по пократкиот пат и набавете зрна пуканки, па подготвувајте ги на традиционален начин. Дури и ако се потребни неколку минути подолго за подготовка, вашето здравје нема да биде загрозено.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi