ОДГОВОР НА ВЕЧНОТО ПРАШАЊЕ! Зошто жените се одлучуваат за помалку убавите момци?

28 јануари, 20220
Screenshot_9

Колку пати сте се запрашале „што прави овој со оваа“ или „што бара таа со него“?

 

 

Често се случува да видите згодна жена и не толку убав маж во емотивна врска и обратно.

Иако звучи прилично површно, научниците тврдат дека убавите луѓе намерно избираат помалку атрактивни партнери за да не треба многу да се трудат околу нив. Имено, оние кои се сметаат себеси за поубави се убедени дека помалку убавиот партнер ќе вложи дополнителни напори да ги задржи, а тие нема да мора да го прават тоа, бидејќи, сметаат дека, нивниот изглед е сосема доволен за среќна врска.

Истражување од овој тип направи Џошуа Олтманс од Универзитетот во Кентаки, во Соединетите Американски Држави.

Тој пронашол љубовни парови кои биле подготвени да учествуваат во истражувањето. Меѓу другото, тој проучувал што прави секој партнер за да ја одржи врската стабилна.

Некои го приспособиле однесувањето за партнерот да не изгуби интерес за нив и да бара некој друг, напорно работеле на се, внимавале…

Олтманс потоа побарал од нив да го проценат физичкиот изглед на нивните партнери. Потоа тоа го споредил со нивното однесување и со тоа колку се трудат да го задржат партнерот.

 

Се покажало дека помалку привлечните повеќе се трудат околу партнерите, бидејќи се плашат дека ќе ги загубат, односно се убедени дека тие полесно ќе најдат нов партнер.

Дополнително, ако постои потенцијална закана во форма на маж или жена на кои би можеле да им се допаднат нивните атрактивни партнери, оние кои се сметаат себеси за помалку убави знаат како да заземат став како да сакаат да им дадат до знаење дека тоа е нивен „улов “ и дека немаат што да бараат, пишува „Psychology Today“.

Мажите кои имаат убави жени и обратно се почесто на ’’штрек’’; тие на некој начин „скенираат“ се околу себе за навреме да ја забележат конкуренцијата и да ја избркаат.

Жените кои се убедени дека изгледаат подобро од нивните партнери признале дека уживаат во вниманието што го добиваат. Затоа некои претпочитаат да избираат помалку атрактивни мажи и тврдат дека тоа нема никаква врска со нивниот материјален статус.

Експертите за врски потсетуваат дека определувањето на однесување кон некого само врз основа на неговиот физички изглед е сосема погрешно.

Има луѓе кои според некои наметнати норми се сметаат за убави, а всушност нема за што да разговарате со нив, бидејќи можеби се прилично површни, не ги интересираат многу работи во животот освен физичкиот изглед, не им е гајле за другите…

Од друга страна, луѓето кои општеството ги смета за помалку привлечни можат да бидат интересни, љубезни и искрени. Секое глумење во врската, пресметување и потценување на партнерот никогаш не може да заврши добро, ниту пак може да доведе до квалитетна, искрена врска.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi