Иако пандемијата сè уште дивее, се појавија нови размислувања: Дали КОВИД-19 всушност станува ендемија?

17 јануари, 20220
Screenshot_2

 

Поимите „ендемија“ и „пандемија“ се научно дефинирани поими и ако сакаме да знаеме што претставуваат тие, треба да знаеме како правилно да ги разликуваме.

 

Да почнеме со концептот на пандемија. Светската здравствена организација (СЗО) прогласува болест за пандемија кога се шири низ светот и расте експоненцијално, односно кога ширењето е надвор од контрола. Во основа, како што епидемијата е бран случаи во една област, пандемијата е бран од случаи насекаде.

 

Ендемија, пак, го нема тој неконтролиран пораст. Може да биде насекаде, како обичната настинка, иако понекогаш болестите можат да бидат ендемични во еден регион, како маларијата. Сепак, бројот на случаи генерално расте со иста брзина, односно растот е предвидлив.

 

Според тоа, крајно поедноставена пандемијата е широко распространета и непредвидлива, додека ендемијата е повеќе регионална и предвидлива.

 

Значи, кога луѓето зборуваат дека КОВИД-19 станува ендемичен, она што тие всушност го велат е дека предвидуваат, од која било причина, стабилизирање на бројот на случаи.

 

Дали КОВИД-19 е веќе ендемичен?

Ако ендемијата е болест со стабилна стапка на инфекција, тешко е да се види како КОВИД моментално се вклопува во неа.

 

Идејата дека наскоро ќе постигнеме ендемизам изгледа малку спротивна со фактот дека само имавме неколку недели масовно експлозивен експоненцијален раст. Пред тоа, сè уште го гледавме експоненцијалниот раст на делта сојот, изјави за Гардијан Стивен Грифин, вонреден професор по вирусологија.

 

Имено, здравствените системи ширум светот се борат со неодамнешниот пораст на случаи предизвикани од хиперпозитивната омикрон варијанта.

 

Што се однесува до ендемичноста, ние сме уште далеку, смета др. Кетрин Смолвуд, виш службеник за итни случаи на СЗО, на брифинг за печатот на 11 јануари.

 

Ендемичноста претпоставува дека, пред сè, постои стабилна циркулација на вирусот на предвидливи нивоа и потенцијално познати и предвидливи бранови на пренос на епидемија. Навистина треба да се воздржиме од однесување како да е ендемичен, пред самиот вирус да почне да се однесува ендемично, додаде др. Смолвуд.

 

.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi