1990-тите се покажаа како деценија која не престанува да дава жешки сезонски трендови, а во прилог на овој факт говори и моменталната понуда на блузи на полиците на продавниците.
Често во изобилството на облека што го имаме во плакарот, посегнуваме по докажана комбинација на облека како што се фармерките и ефектен топ кој е способен да ги издигне стајлинзите подобро од кој било моден додаток или чевел.
Најдобар пример за тоа е новата популарност на топови кои ја потресоа модната сцена во 90-тите и во почетокот на милениумот. Верзиите на топови од проѕирни материјали украсени со ефектен дезен или верзии на едно рамо, покрај полиците во продавниците, сега нашироко ги красат и љубителите на модата.
Благодарение на популарните дизајнерски имиња како Албанката Ненси Дојака, денес се многу пожелни заводливите топови со врвки и впечатливи изрези, исто како и оние налик на корсет кои подеднакво ја истакнуваат фигурата.
Заедничко за сите актуелни модели на ретро естетика е впечатливиот изглед, благодарение на кој можат да ја подигнат и наједноставната комбинација на облека, а во прилог на тоа говорат стајлинзите на едни од највлијателните „street style“ ѕвезди на денешницата.