Идеално време за вечера: Еве колку време е потребно да помине од јадењето до одењето во кревет!

10 јануари, 20220
Screenshot_10

Одењето на спиење веднаш после вечерата го зголемува ризикот од мозочен удар за 66%, затоа се препорачува да помине барем еден саат после вечерата. Ова е резултат од истражувањето на научниците од Медицинскиот факултет од Иониа, Грција. Научниците испитувале околу 500 особи, од кои половина од нив доживеале мозочен удар, а другата половина акутен коронарен синдром  (чест облик на срцеви болести со намален доток на крв во срцето поради запушени артерии). Испитаниците биле поделени во две групи – оние кои чекале 60 до 70 минути после вечерата, па оделе на спиење и оние кои веднаш оделе на спиење.

 

Во втората група луѓето имале поголеми шанси да доживеат мозочен удар, додека луѓето кои чекале меѓу 70 и 120 минути биле 76% заштитени. Освен тоа, одењето на спиење барем еден час после вечерата го намалува ризикот од акутен коронарен синдром. Една од последиците на пребрзото одење во кревет после јадење е и Рефлукс. Во лежечка позиција се влошува ситуацијата во која стомачната киселина се враќа во грлото, а долгорочните последици се оштетување на слузокожата на хранопроводникот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi