Избегнете ги непријатните мириси: Еве колку долго можете да оставите влажни алишта во машината

12 март, 20220
Screenshot 2022-03-12 175839

Што велат експертите?

Барем на еден од нас ни се случило едноставно да заборавиме дека сме ја вклучиле машината, а потоа да трчаме што побрзо да ги закачиме алиштата, во страв да не засмрдат.

За алиштата да бидат свежи и чисти, важно е веднаш по миењето да ги извадите од машината, а потоа да ги закачите да се сушат.

Предолгото држење мокра облека во барабанот може да биде многу штетно и може да предизвика непријатни мириси.

Ова го потврди работник вработен во компанија за производство на машини за перење, кој посочува дека испраната облека може да стои во машината најмногу еден ден.

– Мократа облека може да биде во машината за перење најмногу од осум до 12 часа – истакна тој.

И додека многу луѓе се плашат дека нивната облека ќе добие застарен мирис или ќе мувлоса, експертот посочува дека од клучно значење е често да ја перете машината, како и да користите квалитетни детергенти.

Ако алиштата имаат непријатен мирис, тоа може да биде затоа што бактериите и мувлата веќе почнале да се размножуваат. Во тој случај, потребно е повторно да ги измиете.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi