Кога станува збор за здравјето на кожата, генерално се препорачува течен сапун бидејќи спречува кожата на вашите раце да се суши и пука.
Еден од производите чија потрошувачка е драстично зголемена во последните неколку месеци секако е сапунот. Иако можеби не сте правеле разлика помеѓу неговата цврста и течна форма, можеби е време да го направите тоа сега.
Кога станува збор за чистење на кожата, можете да бидете сигурни дека се додека сапунот ги содржи основните состојки кои гарантираат чистота и дезинфекција – не е важно во каква форма е.
„Секој сапун е подеднакво ефикасен за отстранување на патогени и нечистотија“, изјави за „The Healthy“ д-р Рејчел Барнс, дерматолог од Минесота.
Кога станува збор за здравјето на кожата, генерално се препорачува течен сапун бидејќи спречува кожата на вашите раце да се суши и пука.
„Цврстиот сапун обично има висока pH вредност, што може да поттикне сувост и пукање на кожата“, рече таа.
Секако, постојат и цврсти сапуни кои со помош на адитиви, како масла, ја навлажнуваат кожата и ја одржуваат нејзината хидратација. Сепак, најголемата предност на течниот сапун е дефинитивно тоа што е хигиенски поисправна опција од цврстата форма. Бидејќи најчесто доаѓаат во шишиња и на пумпи, го спречуваат ширењето на вируси и бактерии бидејќи не се допира неговата површина. Цврстиот сапун може да содржи вируси кои потоа лесно се пренесуваат од човек на човек.
Освен ако не сте дома, се препорачува да избегнувате цврст сапун. Наместо тоа користете влажни марамчиња ако ги имате при рака. Сепак, цврстиот сапун често содржи помалку штетни хемикалии од течниот сапун.
Многу хемикалии влегуваат во крвотокот преку кожата, а миењето на рацете ја зголемува можноста за акумулација на токсични материи во кожата. Цврстите сапуни генерално содржат помалку штетни хемикалии и повеќе природни состојки.
За да ја одржи влажноста на кожата, состојките кои треба да ги содржи сапунот се глицерин и масла како оние од лаванда, роза, лимон и слично. Некои сапуни содржат и шеа путер и кокосово или бадемово масло за дополнително омекнување на кожата. Состојки кои треба да се избегнуваат се триклосан и парабени.
Луѓето склони кон алергии треба да ги избегнуваат и оние производи на кои има ознаки „парфем“.