Избегнувајте да читате книги во кревет: Постои една причина зошто тоа не е добро за мозокот!

25 февруари, 20220
citanje-2048x1365

Многумина од нас сакаат да читаат пасус од книга пред спиење, а тоа често го правиме и во кревет.

Сепак, експертите истакнуваат дека не е добро ако читате книга во спалната соба.

Тие објаснуваат дека читањето книга во кревет може да го отежни сонот и дека треба да го ограничите бројот на активности што ги правите во кревет.

– Не сакате да поминувате многу време будни во кревет бидејќи тоа ќе доведе до негативно условување. Вашиот мозок нема да знае дали таму треба да бидете будни или да спиете – објаснува д-р Даниел Рифкин.

Експертот за циркадијален ритам, д-р Дејвид Кенвеј, се согласува дека најинтересните активности треба да се прават надвор од креветот, вклучително и читање. Тоа не значи дека читањето не може да биде одличен начин да се опуштите и да се подготвите за спиење.

Книгите, особено оние кои не се премногу ментално стимулирачки или вознемирувачки, можат да ви помогнат и да нè одвојат од секојдневните стресови кои можат да нè држат будни ноќе.

Но, би било идеално, вели Рифкин, да ги читате надвор од вашата спална соба.

– Обидете се да најдете удобно место за читање. Кога ќе се чувствувате уморни и кога ќе ви се отежнат очите, тогаш одете во спалната соба за вашиот мозок потсвесно да го поврзе тоа место со спиењето – советува тој.

На овој начин некако дозволувате таа поспаност да се случи надвор од спалната соба, па кога ќе легнете и ќе ја потпрете главата на перницата побрзо да заспиете. За да го направите времето за читање уште порелаксирано, вклучете „меко“ топло осветлување. Додека светлите светла кои имаат сина боја во себе имаат тенденција да испраќаат енергичен сигнал до телото, пригушените, потопли светла се подобри за смирување.

Од таа причина, некои експерти препорачуваат во секоја просторија да се инсталира по едно светло за дневна употреба и едно за ноќна употреба. Слободно запалете свеќа или вклучете го дифузерот, покријте се со удобно ќебе и вклучете релаксирачка мелодија, каква било нестимулативна активност што ќе ви помогне да го направите овој најважен преоден период помеѓу будењето и спиењето попријатен.

Одвојте го ова време за одмор секоја вечер и тоа ќе биде добро за вашиот сон, а на крајот и за вашето ментално здравје и нивото на стрес. Експертите за спиење се согласуваат дека треба да резервираме кревети за спиење и ништо друго.

Ако често читате во кревет и немате проблеми со спиењето, повелете. Но, ако книгите ве држат будни ноќе, можете да го „исфрлите“ читањето од спалната соба и да побарате нов удобен простор за вашата рутина за ноќна релаксација.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi