Изберете ИДЕАЛНА големина на градникот: Многу жени НЕ знаат за овој трик, никогаш повеќе нема ДА ВЕ СТЕГА

popara12 март, 20221min00
OIP

Со овие совети, градникот никогаш повеќе нема да ве боцка.

Европските мерки за градници се од 65, 70, 75…, додека длабочините на корпите се означени со букви, почнувајќи од А до Д. Мерките означени со бројки се мерки за обемот под градите. Значи, земете кројачки метар и завиткајте околу градите, но останете на висината на која го носите градникот. Заокружете го бројот што го добивате до најблиската големина.

На пример: се измеривте и добивте 78 см, не треба да земате градник чија големина е 80, туку 75. Тоа е затоа што тие имаат копчиња кои служат токму за тоа – да го зголемат растојанието за градникот поудобно да ви стои на градите.

Кога станува збор за корпите, нивните големини, како што веќе знаете, се одредуваат со букви. За да одредите која корпа е совршена за вас, треба да го измерите обемот околу брадавиците на градите. Ќе треба малку да пресметувате, но не грижете се, не е страшно.

Споредете ги двата добиени резултати – мерката под градите и мерката околу градите. Ако обемот околу градите е поголем од обемот под нив во интервал од 12 до 14 сm – тогаш ви одговара корпата А.

Ако таа разлика е во опсег од 14 до 16 cm тогаш вашата корпа е B и така натаму. Во ова може да ви помогнат и калкулаторите на Интернет. Сè што треба да имате е метар и веќе сте завршиле половина од работата.

Не заборавајте, градниците не се направени за да ве боцкаат и измачуваат, ниту да ви ги стискаат градите и да ви се врежуваат во кожата.

Градникот што го носите треба да ви дава чувство дека некој ги држи вашите гради со раце, што дефинитивно е многу подобро чувство од градниците што ги носите моментално. Затоа, жени, метрото во раце и пронајдете си го совршениот градник.