Измијте ја косата со чај од НАНЕ: Не сте ни свесни колку придобивки ви носи овој ТРИК на нашите баби

19 април, 20220
caj

Нането дава многу здравствени придобивки за скалпот, како и за косата

Сите ние пиеме чај од нане кога се разболуваме или настинуваме, но дали знаевте дека можете да го користите за здравјето на вашата коса?

Нането одамна е познато како многу корисен лек за целокупното здравје, а нашите баби го користеле за плакнење на косата.

Постојат неколку причини зошто треба да ја миете косата со чај од нане барем неколку пати месечно.

  1. Го намалува првутот

Чајот има силно антиинфламаторно дејство, делува така што го смирува скалпот и го спречува неговото иритирање и воспаление. Според научниците, ова е корисно не само за спречување на првут, туку и за ублажување на симптомите на псоријаза.

Исто така, антисептичките состојки во чајот ги отстрануваат мртвите клетки од кожата и нечистотиите кои можат да ги блокираат фоликулите на косата, спречувајќи го нивното затнување и дозволувајќи и на косата да расте повторно.

  1. Спречува брзо мрсење на косата

Соединенијата кои се наоѓаат во чајот можат да ги балансираат нивоата на pH на скалпот, нормализирајќи го производството на масло. Ова е корисно за луѓето со мрсна коса, како и за оние со малку посува: за првата категорија чајот делува како адстрингенс, го регулира производството на масти и спречува акумулација на вишок себум на скалпот, додека за втората категорија, чајот делува така што ја негува и хидрира косата, ја неутрализира сувоста и го спречува првутот.

  1. И дава свежина и прекрасен мирис на косата

Без разлика дали го сакате или не вкусот на нане, мора да признаете дека мириса многу убаво. Ако ја исплакнете косата со чај од нане, таа ќе мириса свежо и чисто.

Како да се користи чајот од нане за плакнење на косата?

Користете 2 до 4 кесички чај од нане или 2 лажици суви листови нане. Сварете две шолји вода, па прелијте го нането. Оставете да отстои околу половина час.

Измијте ја косата со шампон, исплакнете го шампонот, а потоа нанесете чај од нане на косата. Можете да го истурите или да го ставите чајот во шише со распрскувач и да испрскате. Со прстите втријте го чајот во косата – после ова не мора да го плакнете. Исушете нежно со крпа, а потоа со фен.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi