Имате празна батерија на телефонот? Внимавајте каде ја полните!

popara28 јули, 20221min00
Punjenje-telefona

На сите ни се случува да заборавиме или да немаме време да го наполниме телефонот. Ова може да биде вистински проблем кога сме далеку од дома. За наша среќа, има се повеќе јавни места кои ќе ни ги олеснат маките и ќе ни овозможат целосно бесплатно да ја наполниме батеријата.

Сепак, иако јавните станици за полнење може да изгледаат како добредојдено решение, нивното користење може да ни создаде огромни проблеми. Зошто? „Тие станици за полнење и USB-портали може лесно да се модифицираат за да им овозможат на криминалците пристап до нашите телефони, вклучително и инсталирање малициозен софтвер на уредите“, вели Џејмс Гопел, професор по сајбер безбедност на Универзитетот Дрексел.

Ова се најопасните места за полнење на вашиот уред:

– Аеродроми
– Железнички / автобуски станици
– Туристички атракции
– Трговски центри
– Хотели
– Кафулиња

 

Овие локации се многу посетувани и криминалците ги сакаат, бидејќи можат да допрат до огромен број жртви.

Најбезбедниот начин за полнење е штекерот каде што ќе го приклучите полначот на телефонот (ако го носите со вас). Хакерите не можат да пристапат до вашиот уред на овој начин, па дури и ако штекерот е оштетен, полначите на нашите телефони се „паметни“, па мала е веројатноста дека батеријата на телефонот може да се оштети.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma