Секој има своја теорија за тоа колку кофеин е „нормално“, а колку е премногу: Дали сте зависни од кафе?

28 јули, 20220
kafa-pixabay

Кога ќе се спомене кафето, секој има своја теорија за тоа колку кофеин е „нормално“, а колку е премногу. Дали сте зависни од кофеин?

Експертите велат дека умереното консумирање на кафе може да има добри ефекти врз здравјето, како што покажуваат научните студии, но од друга страна, во случај на прекумерно консумирање, може да станете зависни од кофеин.

Зависноста се смета за секојдневно консумирање кофеин во прекумерни количини – толку многу што има негативни последици врз социјалните интеракции, здравјето и другите сфери на животот.

Ако кафето се пие во големи количини, кофеинот може негативно да влијае на срцето, да се зголеми крвниот притисок, а еве кои се другите последици кои можат да настанат:

– Несоница
– Анксиозност
– Дигестивни проблеми

Кофеинот, исто така, може да ги влоши некои веќе постоечки симптоми на мочниот меур и дебелото црево.

Повеќето луѓе ќе треба да консумираат доста кофеин за да искусат какви било негативни ефекти – четири до пет шолји кафе дневно се прифатливи, но се зависи од тоа колку сте чувствителни на кофеин.

– „Истражувањата покажуваат дека оваа количина на кофеин не треба да биде штетна за здравјето на срцето, нивото на холестерол или отчукувањата на срцето“ – вели Викторија Тејлор од Британската асоцијација за срце.

Од друга страна, консумирањето на кофеин во умерени количини, велат лекарите, штити од дијабетес тип 2, Паркинсонова болест, заболување на црниот дроб, срцев и мозочен удар, па нема причина да се откажете од уживањето во шолја омилен пијалок.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi