
Ева Лонгорија воодушеви со предизвикувачко издание на фестивал во Сицилија!
Познатата актерка Ева Лонгорија (47) ретко прави погрешен моден избор на црвениот тепих, а последниве месеци, откако ја доведе линијата до совршенство, со голема радост носи предизвикувачки модели.
Убавата Ева се прошета на црвениот тепих на фестивалот Таормина на Сицилија во многу провокативен фустан, чиј долен дел се состои од едноставно долго здолниште во црна боја, додека горниот дел е проѕирен.
Тактички наредените црни монистри на проѕирниот горен дел од фустанот ја спречија актерката да покаже повеќе отколку што треба, и додадоа нота на елеганција на нејзиниот изглед.
Провокативниот фустан го откри нејзиниот грб, но и страничниот дел на стомакот, а Лонгорија ја крена косата во пунџа и остави тоалетата да биде во преден план.



За елегантниот изглед придонесоа очите врамени со црн креон и едноставните црни сандали со ремчиња.
Сигурни сме дека Ева беше во центарот на вниманието во овој фустан, како ви се допаѓа?