ПОРАДИ ОВИЕ 4 ИНТИМНИ ПОЗИ, НАЈЧЕСТО СЕ ЈАВУВААТ УРИНАРНИ ИНФЕКЦИИ: Експерт открива и која е НАЈБЕЗБЕДНА, ќе ве изненади!

30 јуни, 20220
urinarna-infekcija

Експерт открива кои интимни пози се најризични во однос на инфекции на уринарниот тракт!

Инфекциите на уринарниот тракт се почести отколку што мислите, а одредени навики поврзани со интимните односи го зголемуваат ризикот од овие инфекции. На пример, експертите истакнуваат дека на жените им е многу важно да уринираат после секс, бидејќи тоа го намалува ризикот од инфекции, но она што многумина не го знаат е дека одредени пози во сексот влијаат на ризикот од инфекции.

Едноставно кажано, бактериите кои се во пределот на гениталиите можат да стигнат до уретрата за време на односот и на тој начин да предизвикаат инфекција, а секс експертот Руби Рејр откри кои пози се најризични во таа смисла.

„Општо правило е дека позите во кои има поголемо триење меѓу телата се поризични за уринарни инфекции“, истакна таа, наведувајќи ги „ризичните“ пози.

Мисионерска поза

Една од најпопуларните секс пози го зголемува ризикот од инфекција на уринарниот тракт бидејќи во таа положба пенисот е премногу блиску до уретрата. Ова значи дека бактериите можат полесно да стигнат до уретрата или мочниот меур.

Подигнувањето на нозете над рамениците на партнерот може да го намали ризикот, вели експерт за секс.

Каубојка

Уште една популарна поза, која подразбира жената да седи врз мажот. И во оваа положба уретрата е многу блиску до машкиот полов орган – поблиску отколку во некои други пози – а триењето е многу големо, што им помага на бактериите полесно да се шират.

Задоволување со прсти

Експертот за секс истакнува дека една од најголемите заблуди е дека инфекциите на уринарниот тракт „предизвикани“ од интимниот однос се јавуваат само поради пенетрација.

“Прстите исто така лесно можат да пренесат бактерии, особено кога размислувате за тоа со колку микроби доаѓаат во контакт вашите раце секој ден. Пред работите да станат премногу жешки, не заборавајте да ги измиете рацете за да го намалите ризикот”, советува Руби.

Анален секс

Сосема е јасно дека бактериите лесно може да се прошират за време на аналниот секс.

„Сè што имало во и околу анусот мора добро да се измие пред да стигне до вулвата и вагината. За да го ограничите преносот на бактерии, користете нов кондом“, советува Рејр.

Веројатно сега сте се запрашале која поза во тој случај носи најмал ризик од инфекција на уринарниот тракт.

Експертот вели дека се работи за „доги-стајл“ или секс од позади, бидејќи во таа положба машкиот полов орган е малку подалеку од уретрата, така што во таа положба има најмалку шанси за уринарна инфекција.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi