ИСКЛУЧЕТЕ ГО ГРЕЕЊЕТО ВО СПАЛНАТА СОБА: Еве која температура прави разлика во квалитетот на сонот!

7 февруари, 20220
60391_profimedia0216336885_ls

Температурата од 18 степени Целзиусови може да значи разлика помеѓу лошиот и мирниот сон, забележуваат експертите. Спиењето во поладна соба ни помага да останеме свежи и да изгледаме помлади. Исто така, пониската температура го стимулира производството на мелатонин, кој уште се нарекува и хормон за спиење на телото. Тој е и антиоксиданс, што значи дека служи како хормон против стареење.

Спиењето во постудена соба исто така може да помогне да се спречи несоница. Истражувањата покажуваат дека неколку форми на несоница се всушност поврзани со повисоки температури на телото. Многу луѓе со несоница имаат потешкотии да ја регулираат телесната температура, ограничувајќи ја нивната способност да губат топлина.

Повисоките температури значат дека телото ослободува повеќе хормони на стрес – кортизол. Поладна соба помага во одржување на нивото на кортизол, што значи помалку стрес и подобар квалитет на сон.

Спиењето во ладна соба може да ги намали и шансите за развој на метаболички болести како што е дијабетесот. Исто така, го подобрува нивото на хормонот за раст, кој помага во спречување на срцеви заболувања, депресија и дебелина. Зголемениот мелатонин го намалува и ризикот од Алцхајмерова болест.

Една од придобивките од спиењето во постудена соба е тоа што спречува габични инфекции. Конечно, спиењето во ладна соба може да има смирувачки ефект, што може да помогне во борбата против болката и воспалението, кои инаку би можеле да го прекинат сонот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi