Хормоните и возраста имаат клучно влијание врз интимните односи
Ако ги прашате луѓето колку години има идеален љубовник или љубовница, сигурно ќе добиете сто различни одговори.
Сепак, рускиот сексолог Јулија Толмачева вели дека открила на која возраст жените и мажите стануваат совршени љубовници.
Дури кога ќе достигнат одредена возраст, тие целосно се предаваат на страстите, уживаат во сензуалното задоволство без двоумење, но и во кревет се далеку попожртвувани.
Според Толмачева, од 18 до 25 години мажите се огнени и страсни, но тоа ги спречува да бидат внимателни сексуални партнери – премногу се преокупирани со сопствените потреби.
Либидото и хормоналните нивоа на мажите, додава докторката, се менуваат до четириесеттата година, а во тој период потребата за оргазам веќе не е примарна, туку нешто друго – уживање во односот и обезбедување задоволство на партнерката.
Толмачева забележува и дека има вистина во приказните дека жените од 45 години се „најдобрите љубовници“. Како што објасни таа, не се работи за либидото и хормоните, туку за начинот на живот.
Во тој период нивните деца (ако ги имаат) се веќе возрасни, па имаат повеќе време за себе, подобро разбираат што им треба, вклучително и интимните односи.
45-годишна жена е многу поподготвена за интимни односи од 30-годишна жена која има работа, мали деца и куќа.