ИСЧИСТЕТЕ ГИ МАСНОТИИТЕ ВО КУЈНАТА БЕЗ РИБАЊЕ: Ставете го сунѓерот во микробранова печка и сѐ ќе блесне без премногу труд

popara18 јули, 20221min00
Screenshot_6

Со овој едноставен трик без мака ќе ја исчистите маснотијата во кујната.

 

 

Кујната е место каде како и да ја завртите не можете да избегнете маснотии. Подготовката на храната, особено храната што е пржена, често може да ги направи површините мрсни за време на подготовката.

 

Веруваме дека досега сте се обиделе да ги исчистите со разни средства и крпи, но често се случува да не ги добиете посакуваните резултати. За среќа, постои многу ефикасно решение за овој проблем.

 

Сѐ што треба да направите е да го ставите сунѓерчето во микробранова печка 30 секунди и маснотијата ќе се отстрани за само неколку минути. Ако немате микробранова печка ставете го во рерна загреана на 100 степени.

 

Најпрво намокрете го сунѓерчето, но внимавајте да не е целосно влажно. Потоа ставете го во микробранова печка и загрејте го 20-30 секунди. После тоа, извадете го внимателно за да не се изгорите.

 

Попрскајте ги мрсните места во кујната со средство за одмастување додека сунѓерчето се загрева. После тоа, поминете ги масните места со врелото сунѓерче и за кратко време ќе ја отстраните маснотијата.

 

Овој едноставен трик може да се користи на сите површини, од кујнски елементи до шпорети и замастени плочки.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma