
Ако се борите да го исчистите вашиот тепих, обидете се со овој метод
Чистењето теписи може да биде многу заморно, бидејќи треба да ги извадите надвор, да ги измиете, исушите, а повеќето од нас користат многу хемикалии кои не се добри за нашето и здравјето и нашето семејство.
Овде ќе ви покажеме многу корисен начин за успешно и лесно чистење на вашите теписи. Со помош на овој трик вашиот тепих ќе изгледа поново и ќе му го вратите првобитниот сјај.
Треба прво да го исчистите тепихот со правосмукалка, а потоа да нанесете оцет на памучна крпа, а потоа добро да го избришете тепихот. Земете уште една крпа, малку навлажнете ја и нанесете сода бикарбона, па со неа избришете го тепихот.
Оставете да отстои околу 20 минути, а потоа повторно исчистете со правосмукалка. Ќе забележите подобрување бидејќи сода бикарбоната и оцетот се многу ефикасни.
Добри се за чистење на разни тврдоглави дамки на кујнските површини, бањите и сл. Сода бикарбоната може да биде корисна и кога сакате да ги отстраните дамките од облеката, пренесува „Мегагига“.
Оцетот може да ви помогне успешно да го отстраните бигорот во бањата. Гледате, хемикалиите не се секогаш неопходни. Овие природни состојки се многу поефикасни од нив.