Итно ПРОМЕНЕТЕ ГО шампонот: Од ова најмногу ЦВЕТААТ ВРВОВИТЕ, сочувајте ја косата додека е здрава!

7 април, 20220
kosa

Напукнатите врвови им предизвикуваат проблеми на многу девојки, бидејќи ги тераат одвреме-навреме да го посетуваат својот фризер.

Косата со такви врвови воопшто не изгледа здраво и убаво, па затоа е важно редовно да ја скратувате, но и да земете предвид какви производи за нега и миење на косата користите.

Ако и вие се борите со расцутените врвови на косата, можеби е време да ги промените навиките за нега, бидејќи секој третман со топлина, фарба и бланш ја оштетува вашата коса.

Сепак, истражувачите сега забележуваат дека причината за пукањето на косата треба да се бара дури и во миењето на косата. Како прво, не ја мијте косата почесто отколку што е навистина потребно. Најдобро е да ја миете косата два до три пати неделно.

Мократа коса е секогаш многу поподложна на оштетување, па колку почесто ја навлажнувате, толку почесто врвовите ќе пукаат. Една од најризичните фази во миењето и одржувањето на косата е миењето со шампон.

Ако премногу често го втривате шампонот во скалпот, ги спречувате лојните жлезди да си ја завршат работата. Резултатот ќе биде сува коса, склона на оштетување и со испукани врвови.

Сепак, најголемото изненадување беше откритието направено во International Journal of Hair Science, а тоа е дека шампоните за често миење на косата може да бидат фатални. Според овие наоди, тие обично не содржат регенерирачки и заштитни состојки, па тоа се одразува на виталноста на косата.

Доколку чувствувате потреба да ја миете косата секој ден, особено ако вежбате и се потите секој ден, експертите советуваат понекогаш да ја миете само со вода, а не да користите шампон. Алтернатива е да се истрие некое заштитно масло, маслиново, арган или масло од јојоба во краевите пред миење. Оставете да делува неколку минути, а потоа измијте ја косата.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi