Каков маж сакаат жените?

14 јануари, 20220
Screenshot_4

И претходните истражувања покажаа дека жените претпочитаат комбинација од понежно лице и силно тело

 

Жените од 21 век избираат повеќе мажи кои имаат бебешко лице, односно нежно лице и мускулесто тело, покажа истражувањето на научниците од Универзитетот во Квинсленд.

 

Истражувачите покажале на група од 160 жени фотографии од мажи и ги прашале кој им е најпривлечен. Се испостави дека модерните жени најмногу „паѓаат“ на мажи кои се силни, односно мускулести и високи.

 

На фотографиите жените не можеа прво да ги видат лицата на мажите, само нивните голи тела, а повеќето од нив покажаа наклонетост кон мускулестите. Покрај мускулите, важен фактор се покажа и висината, но не толку колку силата.

 

Ниту една жена не покажала статистички значајна предност за мажи кои изгледаат физички послабо.

 

А претходните истражувања покажаа дека жените претпочитаат комбинација од понежно лице и силно тело.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *