Како да нанесете СЕНКА ЗА ОЧИ како ПРОФЕСИОНАЛЕЦ? Следете ги овие четири чекори

3 март, 20220
840ea604a32b76c2aecb9d1fdee4681e62ef677a

Не мора да бидете професионалец за да се нашминкате. Само научете неколку мали трикови и следете ги.

Нанесувањето на сенки изгледа тешко, особено ако мешате бои и нијанси, сепак, постојат техники.

Техники за нанесување сенки

Доколку сте почетник, одлучете се за мат сенки, кои повеќе „простуваат грешки“ и лесно се носат на секаков тип на кожа.

Прајмер

Базата или прајмер е почетен чекор што многумина го игнорираат. Неопходно е за долготрајниот ефект на шминката. Занемарувањето на овој чекор може да предизвика вашата сенка да се движи или да се размачка поради изложеност на топлина, вишок масло… За да нанесете, земете мала количина на малиот прст и нежно масирајте го прајмерот на целиот капак. Не заборавајте на коската на веѓите и внатрешниот агол на окото, каде што маслото има тенденција да се собира.

Основна сенка

Одлучете се за една основна нијанса и нанесете ја преку целиот очен капак со четка. Нежно измазнете ја линијата и изблендирајте ја така што поголемиот дел од производот е на очниот капак, а најмалата количина внатре, блиску до внатрешниот агол.

На преклопот на очниот капак нанесете потемна мат боја

На преклопот на очниот капак се нанесува темна сенка. Може да ви помогне да додадете длабочина на вашите очи. Важно е да не се затемни внатрешноста на очниот капак бидејќи тоа може да го затвори окото и да го направи помало.

Нанесете посветла нијанса на внатрешните агли и по должината на веѓата

Светлата нијанса на сенката ќе направи очите да изгледаат побудни. Правилото е да изберете мат нијанса во беж и бела боја за поприроден изглед, но за поголема драматургија можете да се одлучите и за нијанса на слонова коска.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi