Ефикасен и лесен трик, а потребни ви се само две состојки кои можеби веќе ги имате во вашата кујна
Еден маж на интернет го сподели своето искуство како да ги отстраните жолтите дамки од облеката, пренесува „Мирор“.
Овој трик ќе ја спаси облеката што одамна сте ја отпишале поради појавата на жолти дамки, главно во пределот на пазувите.
Жолтилото може да биде предизвикано од повеќе фактори, од креми за сонце, дезодоранси, потење и слично. Во лето повеќе се потиме, па многу почесто се појавуваат овие дамки на облеката.
Еден експерт за чистење откри дека отстранувањето на овие дамки не мора да биде напорно и може да се направи со две вообичаени кујнски состојки.
Сода бикарбона и алкохолен оцет се мачкаат со четка на извалканото место, а по извесно време се брише со чиста крпа.
Нанесете мала количина сода бикарбона на дамката, а потоа натопете стара четка за заби во оцет и втријте ја сода бикарбоната во ткаенината. Избришете ги остатоците со чиста влажна крпа.
Сода бикарбоната кога се меша со киселина како оцет може да раствори органски соединенија како нечистотија, маснотии и други лепливи материи.