Откриени 2 нови симптоми на омикрон: Може да се појават во устата, обрнете внимание

25 јули, 20220
prehlada-830x0

Низ светот започна нов бран на корона вирусот, неговата омикронска варијанта БА.5

„Express.co.uk“ се занимава со тоа кои се симптомите на омикронската варијанта и како треба да се заштитиме.

И додека корона вирусот најмногу го поврзувавме со треска, кашлица и губење на чувството за мирис, на листата е додаден уште еден необичен симптом кој може да се појави во устата.

Омикронската варијанта на корона вирусот успешно го заобиколува имунитетот и покренува нов бран на корона вирусот ширум светот. Можеби мислите дека само треска, кашлица и отежнато дишење се симптоми кои укажуваат на инфекција, но всушност варијантата омикрон носи нови симптоми кои можеби нема да ги поврзете со сегашниот вирус.

Тоа се таканаречениот географски јазик и афти.

Она што најмногу ги загрижи здравствените работници е фактот што новата подваријанта на корона вирусот може да ги зарази оние кои скоро го прележале корона вирусот.

Експертите велат дека симптомите не се разликуваат премногу од оние кои го следеле омикронот од почетокот на неговото појавување, но на листата додаваат два нови симптоми, а тоа се појавата на афти во устата и таканаречениот географски јазик.

Апликацијата „Zoe Covid Study“ ги пријавува афтите како вообичаен симптом на инфекција со омикрон. Од 59 заразени со новиот корона вирус, овие рани во устата се појавиле кај 24 пациенти.

Според научниците, овој симптом често се поврзува со губење на сетилото за мирис и вкус.

Друг можен нов симптом на корона вирусот е таканаречениот географски јазик, односно јазик со црвеникави и бели рабови или со длабоки бразди кои се доста изразени и наликуваат на релјефна карта.

За да се заштитиме од разболување, се препорачува носење маски, особено во затворени простории каде има многу луѓе.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi